Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бернардо Силва се двоуми меѓу Реал и Барселона

/

пред 1343 дена

Сподели преку :

Репрезентативецот на Португалија, Бернардо Силва по завршувањето на сезоната дефинитивно си заминува од Манчестер Сити и се очекува тој да биде една од ѕвездите на летниот преоден рок.

До неодамна се сметаше дека 28-годишниот фудбалер од средниот ред е најблиску до трансфер во Барселона, но деновиве се интензивираа шпекулациите дека во трката ќе се вклучи и мадридски Реал кој е во интензивна потрага по замени за Тони Крос и Лука Модриќ.

Според медиумите во Шпанија, Бернардо Силва веќе добил дозвола да почне преговори со заинтересираните клубови и дека во Манчестер Сити се помирени со фактот дека тој летово сака да ја смени средината.

Висината на обештетувањето од 70 милиони евра е најголем проблем за Барселона да ја исполни желбата на тренерот Чави и дека клубот од Камп Ноу во следниве месеци нема да успее да ја среди лошата финансиска ситуација додека Реал Мадрид нема такви проблеми и затоа ја има пол позицијата во обидот да го ангажира Португалецот.

ФОТО: Игор Паневски