Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Без капитенот Ѓорѓиев тешко до сензација против Холандија

/

пред 1124 дена

Сподели преку :

Македонската машка одбојкарска репрезентација во четвртото коло од Ц групата на Европското првенство го доживеа и вториот пораз.

Овој пат подобри од нашите одбојкари беа Холанѓаните кои славеа во три сета, но во сите сегменти од играта бевме рамноправни во соочувањето со фаворизираниот противник.

Дополнителен проблем за Македонија беше фактот што на овој меч поради болки во грбот отсуствуваше капитенот Никола Ѓорѓиев, кој се чини дека ќе биде подготвен за настап на утрешниот натпревар со Чешка.

Нашите одбојкари посебно добро ги одиграа првите два сета во кои освоија по 19 поени, а пад во играта се забележа во последниот сегмент од натпреварот во кој Холанѓаните славеа со 25:16.

Нашата селекција утре од 20 часот ја очекува меч против Чешка во кој доколку успееме да славиме ќе го освоиме третото место во групата и ќе имаме подобра стартна позиција во пресрет на елиминациската фаза од шампионатот.

ФОТО: Игор Паневски