Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Без капитенот Ристовски во мечевите од Лигата на нации

/

пред 1592 дена

Сподели преку :

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на денешната прес конференција пред почетокот на подготовките за претстојните дуели од Лигата на нации соопшти дека четирите натпревари поради повреда ќе ги пропушти капитенот Стефан Ристовски, а од приватни причини ќе отсуствува и Ердал Ракип.

“Поради повреда на стапалото, капитенот Ристовски нема да биде во можност да се стави на располагање за јунските натпревари. Аријан Адеми и Адис Јаховиќ се ослободени за подготовките и натпреварите поради напорната сезона и честите повреди, додека Ракип поради свои приватни причини, исто така нема да биде дел од тимот за овој собир. Тихомир Костадинов е во процес на рехабилитација од повредата на коленото”, истакна Милевски.

ФОТО: Игор Паневски