Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Без македонски тенисери во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Скопје

/

пред 1571 дена

Сподели преку :

Берк Бугариќ и Обрад Марковски не успеаа да се пласираат во четвртфиналето на ИТФ турнирот што се одржува во Скопје.

Бугариќ во два сета со 6:1 и 6:1 беше совладан од првиот фаворит Орландо Луз од Бразил додека Марковски е поразен со 6:3 и 6:2 во соочувањето против петтиот носител Моез Ехрагуи од Тунис.

Од 15 часот во конкуренција да двојки ќе настапат нашите претставници Калин Ивановски и Стефан Мицов кои ќе се сретнат со комбинацијата од Австралија, Метју Ромиос и Брендон Вокин.

Мечевите се играат на терените на ТК Југ во Градскиот парк.

ФОТО: Игор Паневски