Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борбата на годината има нов датум: Фјури и Усик ќе се соочат во мај

/

пред 973 дена

Сподели преку :

Пресметката помеѓу Тајсон Фјури и Олександр Усик за унифицирање на четирите светски титули во тешка категорија во бокс ќе се одржи на 18 мај во Ријад, Саудиска Арабија. Борбата беше одложена од 17 февруари поради повредат на Фјури.

Организаторите на боксерскиот спектал се договорија да ја одложат борбата за три месеци со цел Фјури да има време целосно да закрепне од големата расекотина што ја заработи над десното око за време на спаринг меч. Борбата помеѓу Британецот и Усик предизвикува многу внимание во светот на спортот, бидејќи победникот ќе биде првиот непоразен унифициран светски шампион уште од 1999 година.  Последен пат тоа беше Ленокс Луис откако го победи Ивандер Холифилд.

Фјури го има појасот во ВБЦ верзијата и во кариерата има 34 победи, едно реми и ниту еден пораз. Украинецот исто така е без пораз во кариерата на 21 борба има исто толку победи, но повеќето му се во полутешка категорија, пред да се пресели во најтешката категорија.