Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Босна и Херцеговина се пишмани и ќе игра квалификации за ОИ

/

пред 1297 дена

Сподели преку :

Само 24 часа по најавата дека Кошаркарскиот сојуз на Босна и Херцеговина се откажува од настапот на претквалификациските турнири за настап на Олимписките игри во Париз, дојде веста од ФИБА дека оваа селекција сепак се пријавила и дека ќе биде дел од турнирите што ќе се одржат во Европа.

“ФИБА го потврди приемот на пријавата на нашиот сојуз и репрезентацијата ќе биде дел од претквалификациите за пласман Игрите во Париз што ќе се одржат во периодот од 12 до 20 август”, се вели во соопштението испратено до јавноста.

Причината за евентуалното откажување беше финансиската криза во која се наоѓа Сојузот, но и фактот дека селекторот Адис Беќирагиќ нема да може да смета на најдобрите кошаркари.

Домаќините на двата турнири што ќе се одржат во Европа ќе бидат познати на 28 април, а жрепката за групите е закажана за мај.

Покрај Босна и Херцеговина во конкуренција се уште репрезентациите на Македонија, Холандија, Унгарија, Исланд, Турција, Шведска, Белгија, Израел, Украина, Велика Британија, Естонија, Чешка, Португалија, Полска и Хрватска.

ФОТО: Игор Паневски