Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бостон го прегази Далас на првата средба од големото финале (ВИДЕО)

/

пред 849 дена

Сподели преку :

Бостон поведе со 1-0 во финалето на НБА-лигата откако утринава на домашен паркет убедливо го совлада Далас.

Селтикс славеа со 107-89 против Маверикс во доминантен натпревар. Домашните кошаркари уште по првата четвртина водеа со 17 разлика, а во вториот период имаа и највисоки +29. Во продолжението само ја одржуваа предноста, а гостите не можеа да одговорат со некоја поголема серија за да го направат натпреварот поинтересен.

Џејлен Браун со 22 поени беше најефикасен во редовите на победничкиот тим, а повратникот од повреда, Кристапс Порцингис имаше 20 поени, додека Џејсон Тејтум реализираше 16 поени и 11 скока.

Лука Дончиќ имаше 30 поени за Далас со 10 скока, додека Кајри Ирвинг немаше свој ден и постигна само 12 поени со очајна реализација од поле.

Следниот, втор натпревар исто така се игра во „ТиДи Гарден“ во Бостон во понеделник во два часот наутро.