Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бостон ја запре Индијана, Јанис постигна 48 поени, но Милвоки загуби (ВИДЕО)

/

пред 1001 дена

Сподели преку :

Бостон го доби дербито на Истокот со 101-118 и ја прекина победничката низа на Индијана од шест натпревари. Џејсон Тејтум постигна 38 поени од кои дури осум тројки, а Џејлен Браун придодаде 31 поен.

Јанис Адетокумпо одигра фантастичен натпревар со 48 поени и 17 скока, но Милвоки загуби на гостувањето кај Хјустон со 112-108. За Бакс ова беше трет пораз на последните четири средби. Алперен Шенгин имаше 21 поен со 11 скока за Рокетс.

Филаделфија без Жоел Ембид во тимот има ефект од две победи и шест порази, а последниот дојде утринава на домашен паркет од Јута со 120-109. Лаури Марканен со 33 поени и 13 скока и Колин Секстон со 22 поени и 10 асистенции го водеа Џез до победата.

На последниот натпревар Њујорк триумфираше на гостински паркет кај Вашингтон со 121-105.