Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бостон подобар од Мајами, Оклахома го совлада Сакраменто (ВИДЕО)

/

пред 965 дена

Сподели преку :

Поради Супербоул натпреварот, во НБА-лигата на програмата беа само два натпревари што се одиграа во синоќа. 

Бостон го совлада Мајами со 110-106 на гостински паркет во реприза на ланското финале на Источната конференција. Селтикс ги добија сите три овосезонски натпревари во против Хит. Џејсон Тејтум со 26 поени, 10 скока и 9 асистенции ги предводеше гостите до победата, Кристапс Порцингис имаше 25 поени, додека Џејлен Браун броеше до 20. Тајлер Хиро имаше 24 поени за Хит, кои беа без првата ѕвезда Џими Батлер.

Оклахома се врати на победничките патеки по поразот од Далас во саботата, па синоќа пред своите гледачи го победи Сакраменто со 127-113. За Тандер ова беше прва сезонска победа во меѓусебните дуели со Кингс. Шаи Гилгеус-Александер блескаше со 38 поени, додека Џејлен Вилијамс имаше 32 за Тандер. Домантас Сабонис запиша трипл-дабл за гостите со 21 поен, 14 асистенции и 11 скока.