Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бостон славеше минимално против Сакраменто, Далас и без Дончиќ го победи Голден Стејт (ВИДЕО)

/

пред 911 дена

Сподели преку :

Бостон ја запиша 12-тата победа по ред, а вкупно 13-тата на последните 15.натпревари во НБА-лигата откако го совлада Сакраменто со 101-100. Пејтон Причард со 21 поен и Кристапс Порцингис со 20 поени и 11 скокови беа најдобри во редовите на Селтикс, кои играа без Џејлен Браун.

Лука Дончиќ не беше во составот, но Далас го победи Голден Стејт со 108-106. Пи Џеј Вашингтон со 32 поени за Маверикс додека Кајри Ирвинг имаше 26. Далас се зацврсти на 5.место на Западната конференција и е на добар пат да го избегне плеј ин турнирот. Стеф Кари беше најефикасен кај Вориорс со 28 поени.

Во дербито на Западот, Феникс ја совлада Минесота со 97-87, Клиперс беа подобри од Јута со 131-102, додека Милвоки загуби на домашен паркет од Торонто со 111-117. Победи остварија и Индијана против Оклахома, потоа Шарлот, Портланд, Чикаго, Мајами, Мемфис и Сан Антонио.