Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Брајтон ја отфрли понудата на Челзи

/

пред 1176 дена

Сподели преку :

Челзи и Арсенал очигледно дека останаа последните два клуба кои се обидуваат до крајот на летниот преоден рок да го ангажираат фудбалерот на Брајтон, Моисес Каиседо.

Клубот од Стемфорф бриџ во вториот обид понудил сума од 70 милиони фунти, која била експресно одбиена и се потенцира дека Брајтон за предвремен раскин на соработката со репрезентативец на Еквадор бара 100 милиони.

Челзи по неколку неделна пауза повторно се обиде да стигне до 21-годишниот фудбалер и овој пат ја зголеми понудата за десет милиони, но и тоа не беше доволно.

Медиумите во Велика Британија пишуваат дека Арсенал најверојатно ќе се повлече од трката за Каиседо и сега останува со наддавањето да продолжи Челзи, но се поставува прашањето дали вториот клуб од Лондон може да понуди нешто повеќе.

ФОТО: Игор Паневски