Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бразил остана без двајца играчи до крајот на првенството

/

пред 1405 дена

Сподели преку :

Селекторот на репрезентацијата на Бразил, Тите со нови проблеми околу составувањето на тимот во продолжението од Светскиот шампионат во Катар.

Откако на последните две средби не можеше да смета на Нејмар, кој исто така е неизвесен за осминафиналето со Јужна Кореа, Тите до крајот на Мундијалот остана без Габриел Жезус и Алекс Телес.

Двајцата се повредија на последниот натпревар од фазата по групи со Камерун. Телес мораше да го напушти теренот во 55-тата минута, а само десетина подоцна Жезус се пожали на болка во коленото.

Според првите процени двајцата фудбалери нема да може да играат до крајот на првенството. Габриел Жезус ќе мора паузира најмалку еден месец, а идентичен период на рехабилитација му се предвидува и на Телес.

Во моментов покрај Нејмар на листата на повредени се уште Алекс Сандро и Данило, а медицинскиот тим во бразилската репрезентација најавува дека сите тројца ќе бидат подготвени за соочувањето со Јужна Кореа кое е на програмата в понеделник.

ФОТО: Игор Паневски