Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бразилскиот тинејџер Ендрик во Реал Мадрид за 72 милиони евра

/

пред 1400 дена

Сподели преку :

Реал Мадрид ќе плати неверојатно обештетување од 72 милиони евра за 16-годишен Бразилец, кој важи за еден од најголемите светски таленти.

Напаѓачот на Палмеираш, Ендрик во иднина ќе го носи дресот на најтрофејниот шпански и европски клуб Реал Мадрид. „Кралевите“ ќе платат обештетување од 60 милиони евра за Ендрик, но со сите даноци, вкупната сума на трансферот ќе изнесува 72 милиони евра.

Познатиот новинар Фабрицио Романо вели дека агентите на фудбалерот, Реал Мадрид и Палмеираш постигнале вербален договор за трансферот, а се очекува документите да бидат потпишани до крајот на годинава.

Ендрик ќе му приклучи на Реал на 1 јануари 2024 година, штом ќе наполни 18 години. Тој со 16 години веќе има три постигнати голови во бразилската Серија А на седум одиграни натпревари.

Интерес за тинејџерот имаше и од ПСЖ, Челси и Барсеона, но Ендрик реши да оди по стапките на Винисиус Жуниор и Родриго, кои исто така потпишаа за Реал пред да наполнат 18 години.