Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Брињоне најбрза во Квитфјел, прв подиум за Ледецка по две години

/

пред 945 дена

Сподели преку :

Федерика Брињоне стигна до четвртата сезонска победа во Светскиот куп во алпско скијање на денешната трка во супер велеслалом во Квитфјел, Норвешка

Трката во новршекиот ски-центар се возеше во тешки услови поради магла, па имаше неколку прекини, но италијанската скијачка најдобро се снајде и стигна до победата со време од 1 минута, 37 секунди и 30 стотинки. Втора финишираше Лара Гут-Бехрами со 61 стотинка послабо време, додека трета беше Естер Ледецка, која се искачи на подиумот по пауза од две години.

Во супер велеслалом води Гут Бехрами со 540 бодови, Корнелија Хитер има 471, а трета е Брињоне со 466 бодови. Во генералниот поредок, Швајцарката исто така е прва со 1.594 бодови, пред Брињоне со 1.268, додека повредената Микаела Шифрин падна на третото место со 1.209 бодови, но Американката треба да се врати на патекиата следниот викенд во Оре, Шведска.