Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Брињоне најбрза во Оре по фантастичната втора трка

/

пред 939 дена

Сподели преку :

Федерика Брињоне стигна до 26-тата победа во кариерата откако денеска беше најбрза на велеслаломската трка во Оре во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

Италијанката имаше фантастично второ возење, бидејќи по првата трка беше трета и со вкупно време од 2:11,02 стигна до триумфот пред домашната фаворитка Сара Хектор од Шведска, која задоцни 33 стотинки. Трета беше Лара Гут-Бехрами.

Италијанката и натаму има математички шанси да го освои малиот кристален глобус во велеслалом, но Гут-Бехрами има 95 бодови пред последната трка во Залбах идната недела. Швајцарката е лидер и во генералниот пласман, таму има 1.654 бодови, додека Брињоне има 1.368.
Утре во Оре, скијачките ќе се натпреваруваат во слалом.