Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бункерот“ издржа бред белгиската артилерија: Македонија освои голем бод во Гент

/

пред 358 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација одигра 0-0 на гостувањето кај најголемиот фаворит во групата – Белгија и остана во одлична позиција за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Дефанзивната стратегија на селекторот Благоја Милевски се покажа како вистински потег, бидејќи Белгијците, и покрај целосната иницијатива и бројните шанси, не успеаја да ја совладаат цврстата македонска одбрана.

Секоја акција што ја минуваше дефанзивната линија беше сопрена од одличниот Столе Димитриевски, кој со неколку фантастични интервенции ги неутрализираше обидите на  Лоис Опенда и Жереми Доку, како и ударите од далечина на белгиските играчи.

Македонија немаше вистинска шанса на натпреварот и ретко се закануваше кон голот на Куртоа, бидејќи целото внимание беше насочено кон тактичка дисциплина и одбрана.

Со овој бод, Македонија останува лидер во групата Ј со 12 бодови, еден повеќе од Белгија и Велс, кои имаат и натпревар помалку.

До крајот на квалификациите остануваат уште две кола. Веќе во понеделник, нашата репрезентација во Скопје го пречекува Казахстан, кој денеска славеше против Лихтенштајн со 4-0, а  Велс ќе биде домаќин на Белгија. Последниот натпревар Македонија ќе го одигра во ноември, на гостински терен против Велс.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија