Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бускетс има пет опции за трансфер, ниту една не од Европа

/

пред 1300 дена

Сподели преку :

Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс по завршувањето на сезоната дефинитивно си заминува од клубот и во моментов ги разгледува понудите од клубовите кои би сакале да го видат во своите редови.

Бускетс има пет опции за продолжување на кариерата и ниту една не од Стариот континент. Две се од МЛС лигата и тоа од Интер Мајами и Торонто, а три доаѓаат од Саудиска Арабија.

Прв на листата на клубови од Блискиот исток е Ал Наср кој веќе го ангажираше Кристијано Роналдо, а во конкуренција се уште Ал Шабаб и Ал Хилал.

Фактот дека ниту еден клуб од Европа не се наоѓа на оваа листа се образлага со намерата на 34-годишниот фудбалер да го носи дресот на ниту еден клуб од овој дел на светот.

Бускетс најверојатно е блиску до договор со Ал Наср кој е единствениот што дал конкретна понуда која изнесува 36 милиони евра за двегодишен договор.

ФОТО: Игор Паневски