Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чави сега бара трансфер на Жоао Феликс

/

пред 1162 дена

Сподели преку :

По само неколку недели тренерот на Барселона, Чави го смени мислењето и по заминувањето на Усман Дембеле сега тој би сакал во екипата го има Жоао Феликс.

Предводникот на Каталонците неодамна истакна дека Португалецот тешко ќе се вклопи во неговиот тим и дека нема потреба да се трошат пари за негово ангажирање, но сега кога има проблем со составувањето на напаѓачката линија тој побарал од челниците на клубот да почнат преговори со Атлетико Мадрид.

Медиумите во Шпанија потенцираат дека сега веќе не постои опција за позајмица на 12 месеци и дека ќе се бара целосен откуп на неговиот договор, а висината на обештетувањето е најмалку 100 милиони евра, сума која Барселона во моментов не може да ја обезбеди.

Каталонците ќе играат на фактот дека Жоао Феликс не е во најдобри односи со тренерот Диего Симеоне и дека тоа е адутот кој може да се искористи во преговорите.

ФОТО: Игор Паневски