Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Челси не го сака Санчо: Фудбалерот се враќа во Манчестер јунајтед

/

пред 488 дена

Сподели преку :

Челси и Џејдон Санчо не пронајдоа заеднички јазик околу личните услови, па лондонскиот клуб нема да го откупи неговиот договор од Манчестер јунајтед. „Сините“ ќе мора да платат казна од 5 милиони фунти, бидејќи го прекршија првичниот договор за позајмицата во која имаше задолжителна откупна клаузула од 25 милиони фунти.

Крилниот напаѓач за Челси одигра 42 натпревари во сите натпреварувања и постигна пет голови со 10 асистенции.

Санчо се враќа на „Олд Трафорд“, но тој нема иднина во клубот. Манчестер јунајтед планира да го продаде со цел да собере пари, кои ќе ги реинвестира во нови засилувања.