Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Челси со фантастично второ полувреме ги обедини сите европски титули (ВИДЕО)

/

пред 493 дена

Сподели преку :

Челси ја освои Конференциската лига на УЕФА откако синоќа во Вроцлав, Полска, со пресврт во второто полуфреме го надигра Бетис. „Сините“ испишаа и нова историја во европскиот клупски фудбал.

Шпанскиот тим поведе со 1-0 уште во 9-тата минута од натпреварот преку Абде Езалзуи. Во вториот дел Челси буквално експлодираше и со четири голови во мрежата на Бетис дојде до круната. Пресвртот го најави Енцо Фернандез во 65-тата минута, а само пет минути подоцна веќе беше 2-1, кога погоди Николас Џексон. Точка на победата на премиерлигашот ставија Џејдон Санчо и Мозес Каиседо.

Со овој трофеј Челси ги комплетираше сите најголеми европски признанија откако претходно имаше освоено Лига на шампиони, Лига на Европа, Супер Куп на Европа и веќе непостоечкиот Куп на победниците на Куповите.