Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Челзи сака да го откупи договорот на Феликс

/

пред 1279 дена

Сподели преку :

Челниците на Челзи се задоволни од настапите на Жоао Феликс и според пишувањето на медиумите во Велика Британија тие ќе се обидат во текот на летниот преоден рок целосно да го откупат договорот со Атлетико Мадрид.

Жоао Феликс на Стемфорд бриџ дојде во текот на јануарскиот преоден рок и во овие шест месеци има статус на позајмен играч.

Со оглед на фактот дека шпанскиот клуб за предвремен раскин на договорот со Португалецот бараат сума од 100 милиони евра, Челзи како дел од трансферот го нудат репрезентативецот на САД, Кристијан Пулишиќ.

Жоао Феликс по секоја цена сака да си замине од Атлетико, а како причина се наведува незадоволството од статусот кај тренерот Диего Симеоне и неговата судбина зависи и од иднината на шефот на стручниот штаб.

Покрај Челзи, Жоао Феликс е на листата на желби на Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен.

ФОТО: Игор Паневски