Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чептеги го одбрани златото од Доха на 10.000 метри

/

пред 1541 дена

Сподели преку :

Џошуа Чептеги од Уганда го одбрани приматот во трката на 10.000 метри. Светскиот првак од Доха и олимпискиот првак од Токио на двојно покусата патека во Јуџин триумфираше со време од 27 минути 27 секунди и 43 стотинки.

Втор низ целта мина Кениецот, Стенли Ваитака Мбуру, а бронзата му припадна на вториот атлетичар од Уганда, Џејкоб Киплимо.

Во фрлање кладиво кај дамите триумф на Американката, Брук Андерсен која до најголемиот успех во кариерата стигна со далечина од 78 метри и 96 сантиметри. Со среброто се закити Канаѓанката, Камрин Роџерс, а третото место го освои Џани Каснвоид од САД.

Во вечерната програма на шампионатот ќе се одржат уште три финални дисциплини. Медали ќе се поделат во скок со стап во женска конкуренција, мажите ќе се борат за трофеи на 110 метри со пречки, а како последна на програмата е трката на 100 метри кај дамите.