Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четири причини поради кои Баерн не го сака Роналдо

/

пред 1567 дена

Сподели преку :

Голем дел од медиумите во Европа најавуваа дека постои голема веројатност Кристијано Роналдо летово да потпише договор со Баерн.

Наводно Португалецот од својот менаџер Жорж Мендеш дури и побарал да почне преговори со Баварците.

Неофицијално челниците на клубот деновиве имале состанок на кој е донесена одлука да не се преговара со Кристијано Роналдо, а решението е поткрепено со четири причини поради кои Баерн не сака да го ангажира Кристијано Роналдо.

Првата и се чини најважниот е висината на годишната плата од 30 милиони евра која би била огромно оптоварување за клупскиот буџет.

Втората и третата причина се поврзани со атмосферата во соблекувалната, која би била нарушена поради високите примања, а сето тоа не би можело да се контролира од страна на тренерот Јулијан Нагелсман.

На крајот потенцирани се годините на Кристијано Роналдо, кој веќе длабоко е навлезен со четвртата деценија од животот и со 37 години се потешко ќе може да игра на високо ниво.

ФОТО: Игор Паневски