Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чурлинов: Ако некој сака бодови против Македонија ќе мора да го испоти задникот

/

пред 391 дена

Сподели преку :

Дарко Чурлинов синоќа против Лихтенштајн во победата од 5-0 го постигна својот прв гол во овие квалификации за Македонија. Крилниот напаѓач се врати на листата на стрелци по нешто повеќе од две години.

Овој триумф треба да биде и знак за идните противници на Македонија, дека Скопје не се освојува лесно.

„Го направивме на теренот тоа што беше договорено и резултатот си дојде самиот по себе. Денеска нема релаксирачки натпревар. Никој не може да влезе во натпревар со 70 или 80 отсто, посебно кога играме за репрезентација. Секоја репрезентација кога ќе дојде овде треба да знае каде доаѓа и треба добро да го испотат задникот за да нè победат. Имаме интересни натпревари пред нас кои ќе бидат одлучувачки. Треба да даде се од себе и да искочи се во најдобро светло“, рече Чурлинов по натпреварот со Лихтенштајн.

Фото: Фудбалска федерација на Македонија