Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Циципас до трето последователно полуфинале

/

пред 1349 дена

Сподели преку :

Четвртиот тенисер на светот, Стефанос Циципас по трет пат во низа успеа да се пласира во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија.

Дваесет и четири годишниот Грк место меѓу четирите најдобри обезбеди откако во меч што траеше 2 часа и 17 минути во три сета со 6:3, 7:6 и 6:4 го совлада чешкиот тенисер Јиржи Лехечка.

За настап во првото финале во Мелбурн, Циципас ќе се соочи со Карен Хачанов кој претходно успеа да се пласира во полуфиналето откако Себастијан Корда поради повреда во предаде мечот во третиот сет.

Утре на програмата се уште два четвртфинални дуели во кои се среќаваат Новак Ѓоковиќ – Андреј Рубљов и Бен Шелтон – Томи Пол.

ФОТО: Игор Паневски