Клубот за мешани боречки вештини „Д Стронгест“ вчера настапи на ММА турнир во Гостивар. Скопскиот тим настапи со пет натпреварувачи и сите петмина славеа победи со технички нокаути.
Даниела Алексовска победи во првата рунда, како и Лука Стојановски и Дамјан Соколовски. Во втората рунда славеа Марко Ѓоргиевски и Вања Гавриловски. Само Марко Трајановски немаше не настапи од таборот на „Д Стронгест“, бидејќи неговиот противник ја предаде борбата поради повреда.











