Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Далас ги елиминираше Клиперс, Орландо се избори за мајсторка со Кливленд (ВИДЕО)

/

пред 883 дена

Сподели преку :

Далас се пласираше во  полуфиналето во Западната коннференција во НБА-лигата по победата од 114-101 против Лос Анџелес клиперс. Маверикс дојдоа до вкупна победа од 4-2 и за следен ривал го имаат тимот на Оклахома. Кајри Ирвинг со 30 поени ги предводеше домашните до триумфот, додека Лука Дончиќ имаше 28 поени со 13 асистенции. Норман Пауел со 20 поени беше најефикасен кај Клиперс.

Донован Мичел одигра неверојатен натпревар за Кливленд и постигна 50 поени, но тоа не беше доволно, бидејќи Орландо славеше на домашен паркет со 103-96 и се избори за седми натпревар во првата рунда на Истокот. Паоло Банкеро имаше 28 поени за Меџик, а Франц Вагнер постигна еден поен помалку. Последниот седум натпревар се игра утре од 19 часот во Кливленд, а победникот ќе оди на мегдан со Бостон во полуфиналето.