Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Далиќ останува селектор на Хрватска до 2026 година

/

пред 1299 дена

Сподели преку :

Најуспешниот селектор во историјата на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ ќе остане на чело на националниот тим и во следните две години.

Човекот со кој селекцијата на Хрватска на последните два Мундијали успеа да стигне до второто и третото место денеска ја продолжи соработката до Европското првенство што ќе се одржи во 2024 година.

Далиќ на клупата на Хрватска седна во 2017-тата кога го наследи Анте Чачиќ кој беше сменет по што почна новото поглавје во историјата на репрезентацијата.

Тој успешно ги мина баражите за Светското првенство во Русија кога успеа да стигне до финалето каде беше поразен од Франција.

Четири години подоцна во Катар, Хрватска повторно беше на чекор до ново финале, но беше поразена од Аргентина, но во мечот за третото место триумфираше над Мароко.

Далиќ ја водеше Хрватска и на последниот континентален шампионат каде во осминафиналето беше елиминиран од Шпанија.

Пред Далиќ се нови предизвици со националниот тим. Покрај квалификациите за Евро 2024, репрезентацијата во јуни ќе игра и во завршницата од Лигата на нации.

ФОТО: Игор Паневски