Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Даниела Алексовска се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во ММА

/

пред 695 дена

Сподели преку :

Младата македонска натпреварувачка Даниела Алексовска имаше феноменална прва борба на Светското првенство во Мешани боречки вештини и се пласираше во полуфиналето на турнирот што се одржува во Ташкент, Узбекистан.

Алексовска во рамки на четвртфиналната борба што се одржа утринава ја победи Арија Чудари од Индија со предавање. Во полуфиналето во категоријата до 52 килограми во конкуренција на јуниори, Македонката ќе ги одмери силите со Ебигејл Алварез од САД. Американката е сериозен ривал, која има освоено злато на Пан-Американските игри годинава, а пред две години била светска шампионка во јуниорска конкуренција, но во категоријата до 47,6 килограми.

Борбата е закажана за утре, а со победа Алексовска ќе се бори во финалето и ќе има освоено најмалку сребрен медал на Светското првенство што секако ќе биде историски успех за македонскиот спорт.