Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дарлу со најдобар процент на одбрани, Гријселс најефикасна на ЕП

/

пред 1418 дена

Сподели преку :

По одиграни шест натпревари во фазата по групи и главната рунда најефикасна ракометарка на Европското првенство е репрезентативката на Германија, Алина Гријселс кој постигна 44 погодоци со неверојатна прецизност на ударите од 71%.

Веднаш зад неа е Кристина Неагу со 39 гола, а трета е Унгарката, Катрин Клујбер со 38. За жал трите најефикасни до овој момент немаат шанса да го подобрат учинокот со оглед на фактот дека веќе ги завршија настапите на шампионатот.

Најголема можност да титулата прв стрелец на шампионатот има Норвежанката, Хени Реистад која ја дели третата позиција со 38 гола, а во конкуренција останува и Ѓурѓина Јауковиќ која до овој момент 35 пати ги совладала противничките голманки.

Што се однесува до одбраните најдобар учинок им Клеопатра Дарлу со 42,37% или 50 интервенции од вкупно упатени 118 удари. Според бројот на одбраните на чело е Теа Пиљевиќ од Хрватска со 56, а четири помалку има Холанѓанката, Јара Тен Холте.

Прва меѓу асистентките е Милена Раичевиќ од Црна Гора со вкупно 34 додавања или 6,8 по натпревар. Втора е Нора Мерк од Норвешка со 29 колку што има и Швеѓанката Јамин Робертс.

ФОТО: Игор Паневски