Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денвер финалист на Западот, Бостон се избори за мајсторка

/

пред 1242 дена

Сподели преку :

Кошаркарите на Денвер се пласираа во финалето од разигрувањето за титулата во Западната конференција.

Во шестиот натпревар од серијата подобар од седум Денвер како гостин славеше над Феникс со 125:100 и по трет пат од 1985 година ќе се борат за титулата на Западот.

Никола Јокиќ мечот го заврши со 32 поени, 12 асистенции и 10 скока, Џамал Мареј беше стрелец на 26 поени додека Кентавиус Калдвел Поуп забележа 21 поен и пет освоени топки под обрачите.

Во поразениот тим Камерон Пејн имаше учинок од 31 поен и шест скока, а Кевин Дурент додаде 23 поени и пет асистенции.

Бостон триумфираше над Филаделфија со 96:86 и се избори за седми решавачки меч во трката за пласман во финалето на Истокот.

Маркус Смарт имаше учинок од 22 поени, седум скока и седум асистенции, Џејсон Тејтум стигна со 19 поени и девет освоени топки, а Малколм Брогдон постигна 16 поени.

На спротивната страна Џоел Ембид имаше 26 поени и 10 скока додека Тајрис Макси беше стрелец на 26 поени.