Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денвер го запиша најубедливиот пораз сезонава (ВИДЕО)

/

пред 982 дена

Сподели преку :

Во НБА-лигата, Денвер утринава загуби на гостувањето кај Њујорк со 122-84  што воедно е и најголемиот сезонски пораз за шампионот. ОЏ Ануноби постигна 26 поени за Никс, додека Џејлен Брансон имаше 21. Кај Нагетс, најефикасен беше Никола Јокиќ со 31 поен и 11 скока.

Во реприза на ланското финале на Истокот, Бостон го прегази Мајами на гостински паркет со 143-110. Џејсон Тејтум постигна 27 поени, а уште шестмина играчи на Селтикс имаа двоцифрене ефект во нападот. Кај Хит, кои го запишаа петтиот пораз во низа, најмногу се истакнаа Бам Адебајо и Тајлер Хиро со по 19 поени.

Лос Анџелес Лејкерс со 141-132 беа подобри од Чикаго, Индијана ја совлада Филаделфија со 134-122, а победи на гостински терен остварија Јута, Минесота и Сакраменто.