Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дешамп останува селектор на Франција до 2026 година

/

пред 1370 дена

Сподели преку :

Дидие Дешамп и во следните две години ќе остане на чело на репрезентацијата на Франција.

Веста за продолжувањето на соработката ја потврди и националната федерација која во соопштението истакнува дека тој на чело на репрезентацијата ќе остане до Европското првенство во 2026 година.

Дешамп на селекторската функција дојде во 2012 година, а договорот му завршуваше по Светскиот куп во Катар и се најавуваше дека тој нема да ја продолжи соработката.

Медиумите во изминатиов период шпекулираа со можните наследници, а како најсериозен кандидат се споменуваше Зинедин Зидан за кој се велеше дека не прифаќа ниту една понуда од заинтересираните клубови бидејќи се подготвува за селекторската позиција во францускиот состав.

Со Дешамп на чело Франција настапи во два финални дуели на Мундијалите, а во 2018 Триколорите се закитија со шампионскиот трофеј.

ФОТО: Игор Паневски