Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џенкинс блесна, Пелистер го победи МЗТ во Битола

/

пред 146 дена

Сподели преку :

Пелистер го победи МЗТ Скопје и израмни на 1-1 во полуфиналната плеј-оф серија во домашното кошаркарско првенство. Битолчани заслужено го совладаа актуелниот шампион, бидејќи имаа контрола врз резултатот речиси целиот натпревар.

Резултатски, првата четвртина беше и најнеизвесна. Двата тима постојано се менуваа во водството, но Пелистер по десет минути игра имаше минимална предност од 18-17. Домашните одиграа одлична втора четвртина, брзо стигнаа до двоцифрена разлика и на полувремето заминаа со водство од 46-33.

Највисоката предност Пелистер ја имаше при плус 15, но тогаш се разбуди и шампионот од Скопје. Во финишот на третата четвртина, МЗТ успеа да израмни на 58-58. Сепак, тоа беа и најдобрите минути на гостите во Битола, бидејќи Пелистер брзо ја врати контролата и предноста што ја задржа до самиот крај за конечни 81-76.

Бренден Џенкинс одигра феноменален натпревар за Пелистер и постигна 31 поен, додека кај МЗТ Скопје најефикасен беше Душан Танасковиќ со 22 поени. Војдан Стојановски додаде 17.

Следниот, трет натпревар ќе се игра во Скопје, каде што ќе се решава кој ќе направи исчекор кон финалето на плеј-офот. Во второто полуфинале, Маџари води со 1-0 против ТФТ, откако направи брејк на гостински терен.