Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дибала ја одбра љубовта и фудбалот пред парите: Рома, се гледаме во недела

/

пред 773 дена

Сподели преку :

Пауло Дибала е еден од ретките фудбалери денес што одби неверојатна финансиска понуда само за да остане во клубот во кој игра, Рома.

Иако изминативе неколку денови се пишуваше дека Аргентинецот е на пат за Саудиска Арабија во тимот на Ал-Кадсија, фудбалерот синоќа на „Инстаграм“ објави дека останува на „Олимпико“.

„Ти благодарам Рома. Се гледаме во недела“, напиша кратко Дибала.

Фудбалерот одби тригодишен договор од саудискиот клуб вреден 75 милиони евра или 25 милиони годишно. Колку за споредба, актуелната плата на Аргентинецот во таборот на Рома изнесува 3,8 милиони евра.

Ваквиот потег на фудбалерот предизвика бура од позитивни реакции на социјалните мрежи како кај неутралните љубители на фудбалот, но и кај неговиоте соиграчи. Навивачите на Рома синоќа се собраа и пред куќата на Дибала во Рим за да го поздрават за овој фантастичен потег.