Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитриевски е повреден, Талески доби повик за дуелот со Малта

/

пред 1121 дена

Сподели преку :

Првиот голман на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски ќе го пропушти утрешниот дуел со Малта во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Нашата „единица“ има повреда на грбот, што веројатно ја заработи за време на дуелот со Италија во саботата кога имаше незгодна интервенција поради лошиот терен на арената „Тодор Проески“.

Селекторот Благоја Милевски одлучи да го повика голманот на Шкендија, Давор Талески како негова замена.

Се очекува утре против Малта од првата минута да брани Дамјан Шишковски, а во комбинацијата за настап е и Игор Алексовски.

Фото: Игор Паневски