Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитријевиќ: Да се обидеме да се пласираме во следната фаза

/

пред 1160 дена

Сподели преку :

По неколку месечно отсуство од националниот тим Ненад Димитријевиќ се враќа во репрезентацијата и е во составот за претстојните дуели од претквалификациите за настап на Олимписките игри.

На десетина дена до почетокот на турнирот составот предводен од Александар Јончевски се комплетира и неговите избраници се подготвени за предизвикот што ги очекува од 12 до 15 овој месец во Талин.

“Добро ги знаеме нивните квалитети, знаеме дека ќе играме против сериозни репрезентации. Со Естонија игравме во квалификациите за Европското првенство пред две години. Тоа е силна репрезентација, а ние се спремаме најдобро што можеме. Да пробаме да преминеме во следната рунда од натпреварите. Натпреварите со Полска се предвидени токму за тоа, да се подготвиме за тоа што следува, за турнирот во Талин. И се надевам дека ќе бидеме подготвени за оној прв натпревар таму во Естонија. Целта е да запишеме две победи и да одиме во Полска. За тоа и се подготвуваме. Но ќе одиме од натпревар до натпревар. Мислам дека така е најпаметно да гледаме на работите. Потоа ќе се сконцентрираме на она што следува”, изјави Димитријевиќ.

ФОТО: Игор Паневски