Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитров по шест години освои трофеј, Рубљов славеше во Хонг Конг

/

пред 1001 дена

Сподели преку :

Григор Димитров го победи Холгер Руне во големото финале на турнирот во Бризбејн, Австралија. Бугаринот го прекина постот од шест години без титула со триумф од 7-6 и 6-4 против Данецот. За Димитров ова е вкупно деветти трофеј во кариерата и воедно втор во Бризбејн.

На женскиот дел од овој турнир, славеше Елена Рибакина. Тенисерката од Казахстан во големото финале ја совлада втората светска тенисерка Арина Сабаленка и тоа со убедливи 6-0 и 6-3 и дојде до шестата титула во кариерата.

Андреј Рубљов ја оправда фаворитската улога со триумф на турнирот во Хонг Конг. Русинот утринава го совлада Емил Русувуори со 6-4 и 6-4. За Рубљов тоа беше 15-та титула во кариерата и 10-та на терените на тврда подлога.