Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитров против Синер во финалето во Мајами (ВИДЕО)

/

пред 917 дена

Сподели преку :

Григор Димитров е ѕвезда на мастерсот во Мајами, па откако го елиминираше Карлос Алкараз, го победи и Александер Зверев за да закаже финале против Јаник Синер.

Димитров се пласираше во своето трето мастерс финале во кариерата, а прво во Мајами откако го победи Зверев со 6-4, 6-7 и 6-4. Овој успех на Бугаринот го враќа во ТОП 10 на АТП-листата од понеделник. Последен пат беше меѓу најдобрите десет светски тенисери во ноември 2018 година.

Ривал на Димитров во финалето во недела ќе биде Јаник Синер. Италијанецот ја продолжи фантастичната форма и го прегази Данил Медведев со 6-1 и 6-2. Синер ако го освои турнирот тогаш од понеделник ќе се искачи на 2.место на АТП-ранкингот.

Женското финале во Мајами е закажано за вечерва со почеток од 20 часот помеѓу Даниел Колинс и Елена Рибакина.