Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Док Риверс за 3,5 години во Милвоки ќе добие 40 милиони долари

/

пред 983 дена

Сподели преку :

Док Риверс е нов тренер на Милвоки бакс и потпиша три и пол годишен договор со поранешниот шампион. Искусниот стратег за враќа во НБА-лигата по ланскиот отказ од Филаделфија.

Риверс ќе ги води Бакс до крајот на сезоната 2026-2027, а неговиот договор изнесува околу 40 милиони долари. Одлуката на раководстовот на Милвоки да го смени тренерот Адријан Грифин ја изненади јавноста со оглед на фактот дека тимот е втор на табелата на Истокот со скор од 31 победа и 13 порази.

Интересно Бакс сега освен новиот тренер, на платниот список го имаат и претходниот тренер Грифин, кому треба да му го исплатат договорот, но и Мајк Баденхолцер, кого го отпуштија минатата сезона по елиминацијата од Мајами во плејофот.

Риверс е искусно тренерско име, кој во минатото освен Филадефлија ги водеше и Лос Анџеле клиперс, Бостон селтикс со кој освои титула во 2008 година, а седеше и на клупата на Орландо.