Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доку замена за Марез во Манчестер Сити

/

пред 1162 дена

Сподели преку :

Репрезентативецот на Белгија, Жереми Доку е прв на листата на фудбалери за кои во Манчестер Сити сметаат дека е идеална замена за Ријад Марез, кој неодамна се пресели во Саудиска Арабија.

Дваесет и едногодишниот напаѓач со Рен има договор на уште две години, а за предвремен раскин францускиот прволигаш бара обештетување од 30 милиони евра.

Доку пред две сезони во Рен дојде од Андерлехт и на 90 натпревари во сите конкуренции постигна 11 погодоци.

Покрај Доку во конкуренција е уште и Мајкл Олисе од Кристал Палас, но за комплетирање на овој трансфер првакот на Англија треба да плати за 10 милиони евра поголема сума.

ФОТО: Игор Паневски