Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доминација на кугларите на Макпетрол на турнирот Гаврило Гаврилски

/

пред 650 дена

Сподели преку :

Денеска во Скопје се одржа и традиционалниот меморијален кугларски турнир Гаврило Гаврилски.

Во натпреварувањето на кое настапија четири екипи и околу 40 натпреварувачи доминација на кугларите на Макпетрол.

Во екипна конкуренција триумф на организаторот на турнирот кој славеше со 3410 соборени кегли, втора беше селекцијата составена од играчи кои настапуваат во домашното првенство додека третата позиција и припадна на белградска Црвена Звезда која на крајот беше поуспешна од Борац Бања Лука.

Во поединечна конкуренција на највисокот место на подиумот се искачи Младен Донковски од Макпетрол, втор е Горан Цимеша од Црвена Звезда, а трет Љубинко Џаиќ од Борац Бања Лука.