Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доријан Бабунски ги пропушта дуелите со Малта и Фарски Острови

/

пред 1295 дена

Сподели преку :

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на денешната прес конференција во пресрет на квалификацискиот дуел против Малта соопшти дека нема да може да смета на повредениот Доријан Бабунски.

“Доријан има повреда на бутниот мускул со која се здоби за време на последниот настап за својот клуб. По деталните прегледи се констатираше дека тој нема да биде подготвен за двата натпревари со Малта и Фарски Острови”, рече Милевски.

Бабунски дојде во Македонија уште од првиот ден на подготовките на националниот тим, но поради проблемите со повредата не беше дел од ниту еден тренинг, а сега за жал и дефинитивно отпадна од конкуренција за место во репрезентацијата на овие два меча.

ФОТО: Игор Паневски