Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца фудбалери отпаднаа поради повреда, Тошевски доби повик во репрезентацијата

/

пред 565 дена

Сподели преку :

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски мораше да прави принудни измени во ростерот на играчи поради повредите на двајца играчи.

Од комбинација отпаднаа Милан Ристовски и Лирим Ќамили поради повреди, а неизвесен за настап е и Стефан Ашковски, кој има повреда на скочниот зглоб. Како замена Милевски го повика напаѓачот на Австрија Клагенфурт, Давид Тошевски. За 23-годишниот напаѓач ова е прв сениорски повик откако во минатото настапуваше за речиси сите младински репрезентации на Македонија.

Националниот тим ги почнува квалификациите за Светското првенство 2026 година во сабота на гостински терен против Лихтенштајн (15 часот). Во рамки на второто коло ја пречекуваме селекцијата на Велс во Скопје на 25-ти март со почеток од 20:45 часот)