Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Елиминација на Рељиќ во второто коло од Светското првенство во теквондо

/

пред 1220 дена

Сподели преку :

Македонската репрезентативка Миљана Рељиќ во второто коло на Светското првенство во теквондо што се одржува во Баку е совладана од Русинката, Лилија Кужина.

Рељиќ во првата рунда беше слободна, а потоа забележа пораз во соочувањето со Кужина која успеа да стигне до полуфиналето откако беше супериорна и во дуелите против Германката, Ана Лена Фроминг и Сара Шари од Белгија.

Утре на Мундијалот во азербејџанската престолнина ќе настапи и нашиот најдобар натпреварувач, Дејан Георгиевски кој во категоријата преку 87 килограми во првото коло е слободен, а потоа следува дуелот против победникот од мечот меѓу Александар Филипов од Израел и Авганистанецот, Али Акбар Амири.

ФОТО: Игор Паневски