Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Енцо сака да си замине од Челси во летниот преоден рок

/

пред 971 дена

Сподели преку :

Енцо Фернандез не е среќен во редовите на Челси, па во летниот преоден рок ќе си бара нов клуб. Аргентинецот по фантастичните игри на Светското првенство во Катар направи трансфер од 120 милиони евра од Бенфика во Челси.

Фудбалерот од средниот ред е фрустриран од лошите резултати на „сините“ и фактот дека не може да се бори за трофеи. Атмосферата во тимот е далеку од идеална, па наводно им дал инструкции на своите агенти да се обидат да му пронајдат нов клуб во летниот преоден рок.

Трансферот на Енцо е тешко изводлив со оглед на фактот дека неговиот договор истекува дури 2031 година,  а неговата цена на трансфер пазарот е 85 милиони евра. Малку клубови би можеле да си го дозволат обештетувањето. Аргентинецот сезонава на вкупно 28 натпревари во сите конкуренции има пет голови и една асистенција за Челси.