Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еурофарм Пелистер ја прекина соработката со Валтер

/

пред 1311 дена

Сподели преку :

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер реши да ја прекине соработката со данскиот тренер Ларс Валтер, кој на клупата на Битолчани дојде пред почетокот на сезоната, а имаше договор до јуни оваа година.

“РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека денес спогодбено го раскина договорот со тренерот Ларс Валтер. Иако имаше потпишано соработка до јуни 2024 година, данскиот стручњак се согласи за разделба со нашиот клуб, како последица на лошите резултати во Европа оваа сезона. Клубот е горд на изборот и соработката со врвен професионалец и ракометна личност како Ларс Валтер. Целосно сме благодарни на неговиот ангажман, пристап и работа. Во неговиот период Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија и првпат играше на завршниот турнир на СЕХА лигата. Веруваме дека оваа одлука ќе предизвика реакција кај тимот во невралгичниот дел на сезоната. На Ларс му посакуваме многу успех во понатамошната кариера и вратите од нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за личност како него”, се вели во соопштението на Еурофарм Пелистер.

Во него се истакнува дека до именувањето на новиот предводник на чело на екипата ќе биде досегашниот помошник на Валтер, Божидар Мојсов.

Новиот шеф на стручниот штаб ќе биде познат на почетокот од следната недела.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер