Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еурофарм Пелистер следната сезона ќе биде дел од ракометната елита

/

пред 835 дена

Сподели преку :

Македонија и во следната сезона ќе има свој претставник во Лигата на шампионите, откако Европската ракометна федерација му даде покана за учество на македонскиот првак.

Еурофарм Пелистер е еден од седумте тима кои следната сезона ќе биде дел од елитното ракометно натпреварување. Битолчани денеска добија покана за учество во Лигата на шампионите, а меѓу оние кои ќе бидат дел од елитата на Стариот континент се Загреб, Нант, ПИК Сегед, Киелце, Динамо Букурешт и Фредериција.

ЕХФ ги одби барањата на Елверум, Порто, Татран Прешов, Бидасоа и Шафхаузен кои во следната сезона ќе партиципираат во Европската лига.

По оваа одлука јасно е дека вицешампионот Вардар има директен пласман во второто по ранг европско натпреварување, а во квалификациите ќе партиципира Алкалоид додека Охрид и Тиквеш најверојатно ќе бидат дел од Европскиот куп.

ФОТО: Игор Паневски