Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еурофарм Пелистер сместен во третиот сад пред жрепката за ЛШ

/

пред 830 дена

Сподели преку :

На два дена пред жрепката за одредување на групите за првиот дел од натпреварувањето во ракометната Лига на шампиони, ЕХФ ги одреди квалитативните садови.

Македонскиот првак, Еурофарм Пелистер е дел од третиот сад каде се наоѓаат уште Динамо Букурешт, Загреб, Спортинг Лисабон и Колштад.

Барселона, Магдебург, Висла Плоцк, Алборг, Веспрем и ПСЖ се сместени во првиот сад и имаат статус на носители додека во третиот се Берлин, Кјелце, Пик Сегед, Нант и Фредериција.

Жрепката за фазата по групи во Лигата на шампионите ќе се одржи в петок во Виена и почнува во 17 часот и 30 минути.

ФОТО: Игор Паневски