Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еурофарм Пелистер тргнува по ново израмнување со Вардар

/

пред 1281 дена

Сподели преку :

Два натпревари се играат од седмото коло во ракометната Супер лига.

По вчерашниот пораз на Вардар во дербито против Алкалоид, Еурофарм Пелистер ќе се обиде да триумфира на гостувањето во Кавадарци и со евентуална победа над Тиквеш, Битолчани повторно ќе се израмнат по бројот на бодовите со вечниот ривал.

Мечот во Кавадарци се игра во салата Јасмин и почнува во 19 часот.

Во вториот натпревар од денешната програма последно пласираниот Охрид на домашен терен ќе се соочи со Бутел Скопје и ќе се обиде да ја забележи првата победа по пауза од скоро два месеци кога на почетокот од Супер лигата како гостин славеше над вториот состав на Еурофарм Пелистер.

Почетокот на дуелот во СЦ Билјанини извори е закажан за 18 часот и 30 минути.

ФОТО: Игор Паневски